Софтверска надградба може да вклучува но не е ограничена на
За да го добиете најдоброто од вашиот уред, бидете во тек и редовно проверувајте дали има нови софтверски надградби.

Galaxy A02s (SM-A025U1)


Број на верзијата : A025U1UES1BVH4
Верзија на Android : R(Android 11)
Датум на објавување : 2022-09-08
Ниво на безбедносна закрпа : 2022-08-01
· Подобрувања на стабилноста на уредот и поправки на багови.
· Нови и / или подобрени можности.
· Понатамошни подобрувања на перформансите.

Број на верзијата : A025U1UES1BVH2
Верзија на Android : R(Android 11)
Датум на објавување : 2022-08-29
Ниво на безбедносна закрпа : 2022-08-01
· Подобрувања на стабилноста на уредот и поправки на багови.
· Нови и / или подобрени можности.
· Понатамошни подобрувања на перформансите.

Број на верзијата : A025U1UES1BVE1
Верзија на Android : R(Android 11)
Датум на објавување : 2022-05-24
Ниво на безбедносна закрпа : 2022-05-01
· Подобрувања на стабилноста на уредот и поправки на багови.
· Нови и / или подобрени можности.
· Понатамошни подобрувања на перформансите.

Број на верзијата : A025U1UES1BVD1
Верзија на Android : R(Android 11)
Датум на објавување : 2022-04-19
Ниво на безбедносна закрпа : 2022-02-01
· Безбедноста на Вашиот уред е подобрена.

Број на верзијата : A025U1UEU1BUK4
Верзија на Android : R(Android 11)
Датум на објавување : 2021-12-07
Ниво на безбедносна закрпа : 2021-11-01
• Целокупната стабилност на функциите е подобрена.
• Безбедноста на Вашиот уред е подобрена.

Број на верзијата : A025U1UEU1BUI1
Верзија на Android : R(Android 11)
Датум на објавување : 2021-10-05
Ниво на безбедносна закрпа : 2021-08-01
One UI 3.1 Надградба (Android 11)
One UI 3.1 е дизајниран да ви помогне да се фокусирате на она што е важно. Со нашиот визуелен редизајн се подобрени местата што најчесто ги посетувате, како што се Почетен екран и Брза плоча, со цел да се намали одвлекувањето на вниманието, да се нагласат важните информации и вашето искуство да стане подоследно. Подобрувањата на изведбата ќе помогнат апликациите да се извршуваат побрзо, а батеријата да се троши помалку. А One UI 3.1 ја препушта контролата во ваши раце со нови контроли на приватноста, еднократни дозволи и подобрена Дигитална благосостојба.

Одете подолу за да ја видите целосната листа на промени.

Визуелен дизајн
Ги обновивме изгледот и чувството поврзани со One UI 3.1 на многу начини, мали и големи, од нови подоследни икони до попаметна организација на Брза плоча и на известувањата. Движењето е полесно и поприродно од кога и да е претходно, со подобрени анимации и хаптички повратни информации за вообичаените интеракции. И интерфејсот одговара на различни големини на екранот за да овозможи најдобро искуство на кој било уред, без разлика дали е тоа телефон, преклоплив уред или таблет.

Подобрена изведба
Го оптимизиравме One UI 3.1 со засилено доделување динамичка меморија и затоа апликациите се извршуваат побрзо и имаат подобра изведба. Исто така, ги ограничивме заднинските активности со цел да овозможиме подобра изведба и подобро искористување на батеријата.

Подобро прилагодување
• Додадени се нови категории слики во Динамички екран за заклучување, а може да изберете и до 5 категории истовремено.
• На Екран за заклучување, може да додадете виџет за да го проверите вашето време на користење.
• Добијте интерактивен преглед кога поставувате тапет.
• Приспособувањето на Always On Display и на Екран за заклучување е полесно.
• Додајте заднина на повик за да видите слика или видео кога се јавувате или примате повик.
• Во Samsung Интернет, може да направите друг распоред и да ги заклучите картичките.
• Bixby Routines има уште повеќе контроли што ќе ви помогнат да го автоматизирате вашиот живот.
• Новите икони и виџетите на Екран за заклучување ви овозможуваат полесно да ги најдете и да ги контролирате вашите рутини.
• Користете Дигитална благосостојба со одделни лични и работни профили.

Подобрени функции
Почетен екран и Екран за заклучување
• Додајте виџети така што ќе допрете и задржите апликација на Почетен екран.
• Исклучете го екранот така што два пати ќе допрете на празно место на Почетен или на Екран за заклучување. (Поставете го во Поставувања > Напредни функции > Движења и гестови.)
• На Екран за заклучување, допрете на областа за часовник за да ги видите виџетите за календар, време и музика.

Повици и разговори
• Видете ги разговорите одделно во таблата за известувања. Работи со Пораки и вашите омилени апликации за разговори.
• Лесно отстранете двојни контакти зачувани на истата сметка во Контакти. Периодот на складирање избришани контакти е продолжен од 15 на 30 дена.
• Додадена е можноста за уредување повеќе поврзани контакти од еден екран.
• Додадено е Ѓубре во Пораки за неодамна избришаните пораки да бидат складирани 30 дена.

Слики и видеа
• Сликајте побрзо со подобрениот автоматски фокус и автоматско изложување.
• Прегледувајте, уредувајте и споделувајте слики и видеа полесно од Галерија.
• Побрзо најдете слики и видеа со новите функции и категории за пребарување во Галерија.
• Вратете ги уредените слики во нивната оригинална верзија во секое време, дури и откако ќе бидат зачувани, за никогаш да не изгубите слика.

Поставувања
• Поставувања има нов поедноставен изглед и чувство. Вашата Samsung account е прикажана најгоре, а пристапот до поставувањата за Почетен екран е сега полесен.
• Полесно најдете ги поставувањата што ви се потребни со новите функции за Пребарување. Ќе добиете подобри резултати за синоними и за вообичаените грешки при пишување, а може да допрете на картичките за да видите групи на сродни поставувања.
• Копчињата за брзи поставувања се намалени за да се овозможат само најчесто употребуваните функции. Може да додадете и копчиња за да направите сопствена прилагодена брза плоча.

Тастатура Samsung
• Зголемен е бројот на јазици на 370.
• Полесно е да се залепат копираните слики и кодовите за проверка од текстуалните пораки.
• Додадени се предлози за емоџи и налепници кога внесувате емотикон заснован врз текст.
• Подобрен е изгледот на тастатурата за да се овозможи поголема лента за празно место кога се внесуваат интернет-адреси или адреси за е-пошта.
• Реорганизирани се поставувањата за Тастатура за да биде полесно да се пристапи до често користените поставувања.

Продуктивност
Одржувајте здрава рамнотежа меѓу работата и животот така што ќе ги минимизирате повторливите и комплицирани задачи и ефикасно ќе се справите со нив.
• Ќе бидат препорачани нови рутини врз основа на вашиот секојдневен живот и шемите на користење.
• Bixby Routines овозможува поставување за сѐ да вратите онака како што било пред да се изврши рутината.
• Во Интернет, може да ги скриете статусните и лентите за навигација за повпечатливо искуство и брзо преведување на интернет-страниците.
• Ќе добиете известување да ги блокирате интернет-страниците коишто испраќаат премногу скок-прозорци или известувања.
• Може да прелистате и да изберете датотеки на облак од екранот за избор на датотеки во Мои датотеки.
• Сега може да избришете кеширани датотеки во Мои датотеки за лесно да ослободите простор за складирање.
• Настаните коишто имаат исто време на почеток се прикажуваат заедно во прегледите за месецот и листата во Календар.

Лесна контрола на медиумите и уредот
Контролата на медиумите и уредот е полесна со подобрената медиумска плоча во известувања. Може да ги прегледате неодамна употребените медиумски апликации и брзо да го смените уредот за репродукција. Може, исто така, да ги погледнете поставувањата за Android Auto во менито Напредни функции во Поставувања.

Идентификувајте ги и подобрете ги своите дигитални навики
Подобрените функции на Дигитална благосостојба ја олеснуваат проверката на начинот на кој ги користите телефонот или таблетот и ви помагаат да оформите добри дигитални навики. Со еден поглед проверете го користењето додека возите или погледнете ги неделните промени на времето што сте го поминале пред екран според функцијата преку надградените неделни извештаи.

Пристапност за сите
One UI 3.1 ви препорачува корисни функции за пристапност врз основа на вашето користење. Подобрените кратенки за Пристапност ги олеснуваат активирањето и користењето на функциите за Пристапност. Може да ја користите функцијата Збор. внес. на тастатур. на глас за да добиете гласовни повратни информации за тоа што сте го напишале дури и кога TalkBack е исклучена.

Силна заштита на приватноста
Сега може да дозволите апликацијата да пристапи до микрофонот, камерата или локацијата само еднаш. Сите дозволи што апликацијата не ги употребила одредено време автоматски ќе бидат повлечени. Повеќе нема да може да им давате дозвола на апликациите секогаш да може да ја видат вашата локација во скок-прозорецот за редовна дозвола. За да им дозволите на апликациите пристап до вашата локација кога истите не се во употреба, ќе треба да одите на страницата за дозвола за локација за дадената апликација во Поставувања.

Календар
• Го екстрахира датумот и адресата од насловот на настанот и препорачува автоматско регистрирање.
• Прима известувања од уреди SmartThings кои исто така имаат распоред на одредени известувања.

Buds автоматско префрлување
• Поддржува Buds автоматско префрлување меѓу телефон и таблет Galaxy.

Потсетник
• Го екстрахира датумот и адресата од белешката за потсетување и препорачува автоматско регистрирање, и потсетува за важните информации според ситуација.

Лист за споделување
• Сега можете да ја заштитите вашата приватност со бришење на информациите за локација на претходно направените слики пред да ги споделите или објавите на социјалните медиуми.

Социјална платформа
• Ги синхронизира валидните врски креирани на уредите со истата регистрирана Samsung account.
• Поедноставено е користењето на услугите на социјалните медиуми. Можете да споделувате профили, фотографии, белешки, распореди, и повеќе со пријателите со едноставно најавување на вашата Samsung account.

Прикажи
• Додадена е функција заштита за удобност на очите.
Камера
• Перформансите на Камера се подобрени

Дополнителни подобрувања
• Во Часовник, може да чуете колку е часот и на глас да ви биде прочитано претходно поставеното име на алармот кога ѕвони алармот.

Некои апликации ќе треба да бидат ажурирани одделно по ажурирањето на One UI 3.1.

Копиите на апликациите направени со користење Dual Messenger повеќе не можат директно да им пристапуваат на датотеките на SD-картичката. За да споделите датотеки од SD-картичката во копија на апликација, изберете ги датотеките во Галерија или Мои датотеки, допрете Сподели, потоа изберете ја копијата на апликацијата.

Повеќе не можете да ја корисите Wi-Fi Direct за испраќање датотеки на други уреди. Наместо тоа, може да ја користите Nearby Share. И понатаму може да примате датотеки со користење Wi-Fi Direct.

Повеќе не може да се поврзете со Chromecast со користење Smart View. Наместо тоа, може да ја користите Google Home.

Број на верзијата : A025U1UEU1AUF2
Верзија на Android : Q(Android 10)
Датум на објавување : 2021-07-05
Ниво на безбедносна закрпа : 2021-06-01
• Подобрен Quick Share
- Подобрете го споделување меѓу уредите Galaxy користејќи Quick Share.

Број на верзијата : A025U1UEU1AUD4
Верзија на Android : Q(Android 10)
Датум на објавување : 2021-05-14
Ниво на безбедносна закрпа : 2021-03-01
• Безбедноста на Вашиот уред е подобрена.