Софтверска надградба може да вклучува но не е ограничена на
За да го добиете најдоброто од вашиот уред, бидете во тек и редовно проверувајте дали има нови софтверски надградби.
Galaxy A36 5G (SM-A366Q)
Број на верзијата : A366QOPS1BZD1
Верзија на Android : B(Android 16)
Датум на објавување : 2026-05-26
Ниво на безбедносна закрпа : 2026-04-05
• Безбедност
Уредот е заштитен со подобрена безбедност.
Овие промени може да се разликуваат во зависност од моделот, земјата или мрежниот оператор на корисничката средина.
За да го добиете најдоброто од Вашиот уред, бидете во тек и редовно проверувајте дали има нови софтверски надградби.
Број на верзијата : A366QOPS1BZB6
Верзија на Android : B(Android 16)
Датум на објавување : 2026-03-31
Ниво на безбедносна закрпа : 2026-02-05
• Безбедност
Уредот е заштитен со подобрена безбедност.
Овие промени може да се разликуваат во зависност од моделот, земјата или мрежниот оператор на корисничката средина.
За да го добиете најдоброто од Вашиот уред, бидете во тек и редовно проверувајте дали има нови софтверски надградби.
Број на верзијата : A366QOPS1BZA2
Верзија на Android : B(Android 16)
Датум на објавување : 2026-02-19
Ниво на безбедносна закрпа : 2026-01-01
• Безбедност
Уредот е заштитен со подобрена безбедност.
Овие промени може да се разликуваат во зависност од моделот, земјата или мрежниот оператор на корисничката средина.
За да го добиете најдоброто од Вашиот уред, бидете во тек и редовно проверувајте дали има нови софтверски надградби.
Број на верзијата : A366QOPU1BYJ1
Верзија на Android : B(Android 16)
Датум на објавување : 2025-11-18
Ниво на безбедносна закрпа : 2025-09-01
One UI 8.0 (Android 16)
Продуктивност
Проверувајте ги цените на акциите без да отклучувате
Акциите што ги следите на Google Finance со големи промени во цените ќе се појават на Вашиот Now bar на крајот од денот на тргување.
Полесно споделување датотеки со Quick Share
Никогаш не било полесно да испраќате и примате датотеки. Допрете на копчето Quick Share во брзите поставувањња за да започнете. Можете да примате датотеки додека е отворен екранот за Quick Share и да испраќате датотеки до други лица директно од Quick Share.
Лепливи белешки
Додавајте брзи забелешки врз документите во Samsung Notes. Нема ограничување за бројот на лепливи белешки што можете да ги додадете и лесно можете да ги отстраните подоцна без да го нарушите оригиналниот документ.
Брзо наоѓајте преземања
Сега можете да филтрирате датотеки врз основа на апликацијата што се користела за нивно преземање. Функционира во приказите Преземено и Последно во Мои датотеки.
Редизајниран Интернет на Samsung
Брзо пристапете до функциите што Ви се потребни. Менито на Samsung Internet е оптимизирано за да Ви го олесни пристапот до функциите што најмногу ги користите. Исто така, можете да го прилагодите распоредот за да одговара на Вашите лични преференции.
Научен дигитрон во портретен приказ
Користете го научниот дигитрон без потреба да го ротирате екранот. Научниот дигитрон сега функционира во портретен приказ како дополнение на пејзажниот приказ.
Извршување повеќе задачи истовремено
Подобрен приказ на поделен екран
Додека 2 апликации се отворени во приказ на поделен екран, можете да ја притиснете едната апликација до работ на екранот за да ја задржите делумно видлива, додека поголемиот дел од Вашиот фокус го насочувате кон другата апликација. Допрете ја помалата апликација во кое било време за брзо да менувате помеѓу нив.
Reminder
Нов интерфејс за Reminder
Апликацијата Reminder е редизајнирана со категории прикажани во горниот дел на екранот, што го олеснува гледањето колку потсетници се наоѓаат во секоја категорија со брз поглед. Прилагодените категории може да се сокријат со брзо допирање за да се ослободи повеќе простор на екранот. Допрете уште еднаш за повторно да се појават.
Нови примери за потсетници
Откријте ја моќта на потсетниците. Во апликацијата Reminder сега се достапни шаблони на примери за потсетници. Истражете ги овие потсетници за да видите што можете да направите за да управувате со важни задачи во Вашиот живот.
Лесно додавајте потсетници
Никогаш не било полесно да се додаваат нови потсетници. Едноставно внесете го Вашиот потсетник во полето најдолу на екранот. Ќе се појават предлози додека пишувате, на коишто можете да допирате за да заштедите време. Можете да додавате листи за проверка, локации и слики користејќи ги копчињата под текстуалното поле. Или, ако воопшто не сакате да пишувате, допрете ја иконата Микрофон за гласовен внес.
Избегнувајте да Ве прекинуваат во слободните денови
Сега имате можност да ги паузирате известувањата за потсетник за време на викендите и државните празници во поставувањата на Reminder.
Календар
Управувајте со потсетници во Календар
Лесно можете да создавате потсетници во апликацијата Календар без да ја отворате апликацијата Reminder. Секогаш кога ќе го допрете копчето +, ќе имате избор да додадете настан или потсетник. Исто така, можете да влечете и испуштате потсетници во Вашиот календар за да ги презакажувате.
Брзо додавајте настани
Кога ќе започнете со додавање настан во менито за брзо додавање, ќе добиете предлози за имиња на настани и времиња на настани врз основа на вашите минати настани. Едноставно допрете на еден од предлозите за да додадете настан без дополнително пишување.
Избегнувајте да ве прекинуваат во Вашите слободни денови
Сега имате можност да ги паузирате предупредувањата за календарски настан за време на викендите и државните празници во поставувањата на Календар.
Samsung Health
Тренер за трчање
Без разлика дали сте почетник или искусен тркач, новата функција „Тренер за трчање“ во Samsung Health нуди персонализирани програми за тренирање и совети кои ќе Ви помогнат да трчате подалеку и побрзо, а воедно да го сведете на минимум ризикот од повреда. Функционира со Galaxy Watch7 или понова верзија.
Насоки за време за спиење
Заспивајте во вистинското време за да се будите со чувство на освеженост. Новата функција за насоки за време за спиење го анализира Вашите податоци за спиењето и го препорачува најдоброто време кога треба да си легнувате секоја вечер.
Предизвици за трчање
Покрај предизвиците за чекори, сега можете да ги предизвикате Вашите пријатели и да трчаат. Можете да поставите целно растојание и да видите кој ќе стигне таму најбрзо или да поставите временско ограничување и да видите кој ќе истрча најдалеку.
Проверете го Вашето внесување антиоксиданси
Функцијата „Индекс на антиоксиданси (Labs)“ го користи Вашиот Galaxy Watch за откривање на нивото на каротеноиди во Вашата кожа. Каротеноидите се вид антиоксиданс што се содржи во овошјето и зеленчукот, што може да помогне во спречување на физичкото стареење. Функционира со Galaxy Watch8 и Galaxy Watch Ultra.
Потсетници за евидентирање храна
Останете на вистинскиот пат за да ги постигнете Вашите цели за калории. Сега можете да поставите потсетници за евидентирање на внесувањето храна во Samsung Health.
Следете го Вашето васкуларно оптоварување
Користете го Вашиот Galaxy Watch за да го измерите Вашето васкуларно оптоварување, што е количината на стрес врз Вашите крвни садови. Прво, направете основно мерење така што ќе го носите часовникот додека спиете најмалку 3 дена, а потоа ќе можете да видите кога Вашето васкуларно оптоварување ќе се зголеми или намали со текот на времето. Функционира со Galaxy Watch8 и Galaxy Watch Ultra.
Фотографии и видеа
Поминете нагоре или надолу за да ги отворите брзите контроли
Пристапувајте до брзите контроли во Камера уште побрзо од претходно преку поминување нагоре или надолу каде било во областа за преглед. Во поставувањата за Камера, сменете ја опцијата „Поминувањето нагоре/надолу“ за да ги отворите брзите контроли.
Аудио подобрувања
Брз пристап до поставувањата на Galaxy Buds
Полесно е од кога било претходно да се контролираат Вашите Galaxy Buds. Сега можете да ги прилагодувате поставувањата на Buds директно од поставувањата на Вашиот телефон без потреба да ја отворате апликацијата Galaxy Wearable.
Комуникација
Видете ги повиците на екранот
Субтитлите на повиците во реално време покажуваат што кажува секое лице на екранот за време на повиците. Следете го разговорот на Вашиот екран за да бидете сигурни дека нема да пропуштите нешто.
Подобрени картички за профил
Полесно е да ја креирате и уредувате Вашата слика на профил за да го добиете совршениот распоред за Вашето име и слика. По креирањето, можете да ја споделите Вашата картичка за профил за да можат да ја видат други луѓе кога им се јавувате.
Прегледајте ги снимените повици во Контакти
Сега е полесно да ги прегледате Вашите минати разговори. Повиците што сте ги снимиле сега се појавуваат на екранот за историја на контакти.
Безбедност и приватност
Подобрена безбедна папка
Чувајте ги чувствителните апликации и податоци на посебно, заштитено место на Вашиот телефон. Сега можете да поставите Безбедна папка да ги затвора апликациите и да спречува известувања кога ја заклучувате. Исто така, можете целосно да ја сокриете и шифрирате Вашата Безбедна папка за максимална заштита.
Подобра заштита на сметката
Knox Matrix редовно ги скенира уредите најавени на Вашиот Samsung account за безбедносни ризици. Кога ќе се открие сериозен ризик на некој уред, тој уред автоматски ќе се одјави од Вашиот Samsung account за да се спречи ширењето на безбедносниот ризик на Вашата сметка и другите уреди. Можете да ја проверите безбедносната состојба на Вашите уреди во кое било време во поставувањата за Безбедност и приватност.
Да се прикажува или сокрива содржината за известување додека е заклучена
Опцијата за прикажување или сокривање на содржината за известување додека Вашиот телефон е заклучен сега се наоѓа во поставувањата за Известувања. Изберете да се прикаже содржина за брз пристап до известувањата без отклучување на телефонот или изберете да се сокрие содржината за да ги задржите Вашите известувања приватни и да спречите другите да ги гледаат.
Пристапност
Штипнете и зумирајте со Менито за помошник
Менито за помошник сега нуди повеќе начини за зумирање и одзумирање на екранот. Покрај влечење со еден прст, сега можете да го прилагодите нивото на зумирање преку притискање на копчињата на екранот.
Контролирајте ги дејствата на глувчето со тастатурата
Ако не можете или не сакате да користите глувче, вклучете „Копчиња на глувче“ во поставувањата за „Пристапност“ за да ја користите физичката тастатура за движење на покажувачот на глувчето, кликнување, задржување и прелистување.
Зголемете ја тастатурата
Сега можете да ги зголемите копчињата на тастатурата на екранот за полесно да се гледаат и допираат. Вклучете „Зголемете ја тастатурата“ додека пишувате во поставувањата за „Зголемување“ за да ја испробате.
Лесно спарување на слушни апарати со Bluetooth
Сега можете да ги спарувате и поврзувате Вашите слушни апарати со Bluetooth директно на екранот за поддршка за слушни апарати во поставувањата за „Пристапност“.
Режими и рутини
Нови претходно поставени рутини
Проверете ги новите претходно поставени рутини за временските услови и други напредни услови. Користете ги такви какви што се или прилагодете ги според Вашите потреби.
Нови дејства на рутини
Достапни се нови дејства за добивање податоци од апликациите Часовник, Календар и Samsung Notes. Откако ќе ги добиете податоците, можете да ги користите во други услови или дејства во Вашата рутина.
Уште повеќе подобрувања
Лесно организирајте аларми
Сега можете да додадете постоечки аларми во група од аларми преку допирање на копчето + на екранот „Група од аларми“. Исто така, можете да додадете група од аларми на некој виџет на Почетниот екран така што ќе можете да ги вклучувате или исклучувате сите аларми во групата со еден допир.
Подобрени поставувања за известување за апликацијата
Сега можете одделно да го избирате стилот на појавни известувања за секоја апликација во поставувањата за известувања на апликацијата.
Обновени визуелизации за временските услови
Апликацијата Време сега обезбедува побогати и пореалистични слики за да Ви помогне интуитивно да ги разберете моменталните временски услови.
Давател на временски податоци
Временските податоци сега ги обезбедува „The Weather Channel“ во сите региони. Некои имиња на локации може да бидат различни по ажурирањето.
Број на верзијата : A366QOPS1AYG1
Верзија на Android : V(Android 15)
Датум на објавување : 2025-09-01
Ниво на безбедносна закрпа : 2025-07-01
· Подобрувања на стабилноста на уредот и поправки на багови.
· Нови и / или подобрени можности.
· Понатамошни подобрувања на перформансите.