Софтверска надградба може да вклучува но не е ограничена на
За да го добиете најдоброто од вашиот уред, бидете во тек и редовно проверувајте дали има нови софтверски надградби.

Galaxy F41 (SM-F415F)


Број на верзијата : F415FXXS3CXD1
Верзија на Android : S(Android 12)
Датум на објавување : 2024-05-07
Ниво на безбедносна закрпа : 2024-04-01
• Безбедноста на Вашиот уред е подобрена.

Број на верзијата : F415FXXU2CWI1
Верзија на Android : S(Android 12)
Датум на објавување : 2023-10-12
Ниво на безбедносна закрпа : 2023-08-01
· Подобрувања на стабилноста на уредот и поправки на багови.
· Нови и / или подобрени можности.
· Понатамошни подобрувања на перформансите.

Број на верзијата : F415FXXU2CWH1
Верзија на Android : S(Android 12)
Датум на објавување : 2023-08-24
Ниво на безбедносна закрпа : 2023-08-01
· Подобрувања на стабилноста на уредот и поправки на багови.
· Нови и / или подобрени можности.
· Понатамошни подобрувања на перформансите.

Број на верзијата : F415FXXU2CWE2
Верзија на Android : S(Android 12)
Датум на објавување : 2023-06-21
Ниво на безбедносна закрпа : 2023-05-01
· Подобрувања на стабилноста на уредот и поправки на багови.
· Нови и / или подобрени можности.
· Понатамошни подобрувања на перформансите.

Број на верзијата : F415FXXS2CVK1
Верзија на Android : S(Android 12)
Датум на објавување : 2023-01-06
Ниво на безбедносна закрпа : 2022-11-01
· Безбедноста на Вашиот уред е подобрена.

Број на верзијата : F415FXXU2CVH1
Верзија на Android : S(Android 12)
Датум на објавување : 2022-09-08
Ниво на безбедносна закрпа : 2022-08-01
• Целокупната стабилност на вашиот уред е подобрена.
• Безбедноста на Вашиот уред е подобрена.

Број на верзијата : F415FXXU1CVD1
Верзија на Android : S(Android 12)
Датум на објавување : 2022-05-03
Ниво на безбедносна закрпа : 2022-03-01
One UI 4.1 Надградба (Android 12)
One UI 4.1 ви носи широк спектар на нови карактеристики и подобрувања за вашите Galaxy уреди. Поинтуитивно, позабавно, побезбедно и полесно од кога било.
Палета на бои
Прилагодете го вашиот телефон со уникатни бои врз основа на вашата позадина.
Приватност
Информации за дозволи на прв поглед
Погледнете кога секоја апликација пристапува до чувствителни дозволи, како што се Локација, Камера или Микрофон во Користење на дозволи.
Индикатори за камера и микрофон
Ќе се појави зелена точка во горниот десен агол на екранот кога која било апликација ја користи камерата или микрофонот.
Тастатура Samsung
Брз пристап до GIF-ови, емоџи и налепници
Дојдете до вашите емоџи, GIF-ови и налепници директно од тастатурата со едно копче.
Анимирани парови од емоџи
Комбинирајте две емоџи заедно, потоа додадете анимација за навистина да ги пренесете вашите чувства.
Асистент за пишување
Одржувајте ја точноста на граматиката и правописот со новиот асистент за пишување, поддржан од Grammarly (само за англиски).
Почетен екран
Нов дизајн на виџети
Виџетите изгледаат подобро од кога било, со информации што лесно се гледаат на прв поглед и сo поконзистентен стил.
Полесен избор на виџети
Брзо одете низ листата со виџети за да видите што е достапно од секоја апликација. Исто така, ќе добиете препораки да пробате корисни виџети.
Екран за заклучување
Слушајте каде сакате
Префрлете го аудиоизлезот од слушалките на звучниците на вашиот телефон, сето тоа од екранот за заклучување.
Диктафон
Снимете говорна белешка без отклучување на телефонот.
Календар и распоред наеднаш
Проверете го денешниот распоред заедно со вашиот календар за остатокот од месецот на екранот за заклучување.
Камера
Почист Фотографски режим
Копчето за оптимизирање на сцена се појавува само во режим на Фотографија ако има слаба осветленост или ако скенирате документ.
Појасни нивоа на зумирање
Иконите на објективот го покажуваат нивото на зголемување, за да знаете колку сте зумирале.
Направете брзи видеа
Во режим на Фотографија, можете да го допрете и задржите копчето Сликање за да започнете со снимање брзо видео, потоа повлечете го прстот кон иконата Заклучи за да продолжите со снимање без да го држите Сликање притиснато.
Професионална фотографија
Почистиот изглед ви помага да се фокусирате на снимката, а новите показатели за ниво ви помагаат да ја одржувате рамнотежата на снимките.
Галерија
Подобрени приказни
Уживајте во автоматски создадените видеа на најважните настани со допирање на прегледот на врвот на секоја приказна. Можете, исто така, да истражите каде се направени сликите во вашите приказни во новиот преглед на Карта.
Полесно до албуми
Подредете ги албумите според тоа колку слики и видеа содржат. Насловната слика се појавува и на горниот дел на екранот кога гледате албум.
Обработка на фотографии и видеа
Емоџи и налепници
Користете емоџи за да го покриете лицето на срамежлив пријател или додадете налепници за да направите забавни слики и видеа.
Контрола на осветлување
Функцијата Баланс на светлина ви помага да ги извлечете деталите од слабо осветлените снимки за да изгледаат одлично.
Нагласете ги сериските видеа
Само изберете тема и вештачката интелигенција автоматски ќе ја додаде музиката и преодите на вашето нагласено видео.
Никогаш не губете го оригиналот
Сега можете да ги вратите и сликите и видеата во нивната оригинална верзија откако ќе се зачуваат, или да ги зачувате како копии за да ги зачувате и оригиналните и уредените верзии.
AR емоџи
Разубавете го вашиот профил
Користете AR емоџи како слика на вашиот профил во Контакти и Samsung account.
Налепници за лице
Преправајте се дека сте вашите емоџи со нови налепници за лицето на вашите емоџи.
Танцувајте во ноќта
Направете ги вашите емоџи да танцуваат со движења од 10 различни категории, вклучувајќи #Забавно, #Симпатично и #Забава.
Дизајнирајте сопствена облека
Користете ги вашите сопствени цртежи за да направите уникатна облека за вашите AR емоџи.
Споделување
Полесна навигација
Повлечете налево или надесно за да одите низ апликациите и контактите кога споделувате.
Споделување фотографии
Кога споделувате слика што е нефокусирана или не е добро врамена, ние ќе ве известиме и ќе ви дадеме предлози да ја поправите.
Календар
Брзо додајте настани
Треба да додадете нешто во вашиот календар набрзина? Само внесете наслов и готово.
Враќање на избришаните настани
Настаните што ќе ги избришете ќе останат во Ѓубре 30 дена.
Споделете со другите
Сега е полесно да ги споделите вашите календари со други корисници на Galaxy.
Интернет на Samsung
Пребарувајте од Почетниот екран
Новиот виџет за пребарување ви помага да го најдете она што го барате, директно од почетниот екран.
Почнете во Таен режим
Интернет на Samsung автоматски ќе започне во Таен режим ако сте користеле Таен режим за време на вашата последна сесија на прелистување.
Грижа на уредот
Батерија и безбедност на прв поглед
Проблемите со батеријата и безбедноста ќе се појават токму на главниот екран за да можете побрзо да ги решите проблемите.
Разберете ја целокупната состојба на телефонот
Целокупната состојба на вашиот телефон е прикажана како емоџи за да можете веднаш да ја разберете.
Дијагностички проверки
Пристапете до дијагностиката на Samsung Members од Грижа на уредот. Пробајте ги дијагностичките тестови за да откриете во што е проблемот и добијте предлози за негово решавање.
Пристапност
Секогаш тука кога ви треба
Пристапувајте до функциите за пристапност побрзо со пловечко копче што е секогаш достапно.
Движења на глувчето
Извршете дејства побрзо со поместување на покажувачот на глувчето до еден од 4-те агли на екранот.
Прилагодете го екранот одеднаш
Прилагодете ги контрастот и големината истовремено со прилагоден режим на Екран (Висок контраст или Голем екран).
Удобност за очите
Можете да ја намалите транспарентноста или заматувањето за да им биде удобно на вашите очи.
Дополнително затемнет екран
Вклучете Дополнително затемнето за поудобно читање во темница.
Повеќе функции и подобрувања
Подобро Always On Display
Поставете го Always On Display да се вклучува секогаш кога ќе добиете известување.
Подобрен Темен режим
Темниот режим сега автоматски ги затемнува заднините и иконите. Илустрациите во Samsung apps сега имаат верзии во Темен режим со потемни бои.
Мени за безбедност и итни случаи
Новото мени за безбедност и итни случаи во Поставувања ви овозможува да управувате со вашите контакти за итни случаи и безбедносни информации на едно место.
Држете ги очите на патот
Новиот Монитор за возење во Дигитална благосостојба следи кога го користите телефонот додека возите.
Прескокни аларм само еднаш
Можете да го исклучите алармот само еднаш. Ќе се вклучи повторно автоматски откако ќе се прескокне.
Префрлете се од текстови на повици
Допрете го името на лицето на врвот на разговорот за да ги видите неговите детали или започнете гласовен или видеоповик.
Некои апликации ќе треба да бидат ажурирани одделно по надградбата на One UI 4.1.

Број на верзијата : F415FXXS1BVB7
Верзија на Android : R(Android 11)
Датум на објавување : 2022-03-29
Ниво на безбедносна закрпа : 2022-03-01
· Безбедноста на Вашиот уред е подобрена.

Број на верзијата : F415FXXS1BUK2
Верзија на Android : R(Android 11)
Датум на објавување : 2021-12-27
Ниво на безбедносна закрпа : 2021-12-01
· Безбедноста на Вашиот уред е подобрена.

Број на верзијата : F415FXXU1BUH7
Верзија на Android : R(Android 11)
Датум на објавување : 2021-09-15
Ниво на безбедносна закрпа : 2021-09-01
• Следниве апликации или функции се додадени: Samsung Pay mini

Број на верзијата : F415FXXU1BUG2
Верзија на Android : R(Android 11)
Датум на објавување : 2021-08-09
Ниво на безбедносна закрпа : 2021-06-01
· Безбедноста на Вашиот уред е подобрена.

Број на верзијата : F415FXXU1BUF1
Верзија на Android : R(Android 11)
Датум на објавување : 2021-06-17
Ниво на безбедносна закрпа : 2021-06-01
• Додадена е нова функција: Посредна меморија
• Подобрен Quick Share

Број на верзијата : F415FXXU1BUD1
Верзија на Android : R(Android 11)
Датум на објавување : 2021-04-19
Ниво на безбедносна закрпа : 2021-03-01
· Безбедноста на Вашиот уред е подобрена.

Број на верзијата : F415FXXU1BUC8
Верзија на Android : R(Android 11)
Датум на објавување : 2021-04-05
Ниво на безбедносна закрпа : 2021-03-01
• Перформансите на Камера се подобрени
• Целокупните перформанси на уредот се подобрени.
• Безбедноста на Вашиот уред е подобрена.

Број на верзијата : F415FXXU1BUAC
Верзија на Android : R(Android 11)
Датум на објавување : 2021-01-28
Ниво на безбедносна закрпа : 2021-01-01
One UI 3 Надградба (Android 11)

One UI 3 е дизајниран да ви помогне да се фокусирате на она што е важно. Со нашиот визуелен редизајн се подобрени местата што најчесто ги посетувате, како што се Почетен екран и Брза плоча, со цел да се намали одвлекувањето на вниманието, да се нагласат важните информации и вашето искуство да стане подоследно. Подобрувањата на изведбата ќе помогнат апликациите да се извршуваат побрзо, а батеријата да се троши помалку. А One UI 3 ја препушта контролата во ваши раце со нови контроли на приватноста, еднократни дозволи и подобрена Дигитална благосостојба.



Одете подолу за да ја видите целосната листа на промени.



Визуелен дизајн

Ги обновивме изгледот и чувството поврзани со One UI 3 на многу начини, од нови подоследни икони до попаметна организација на Брза плоча и на известувањата. Движењето е понепречено и поприродно, со подобра анимација. А подобриот одговор на интерфејсот значи дека корисничкото искуство е неприкосновено, на секој уред.


Подобрена изведба

Го оптимизиравме One UI 3 со засилено доделување динамичка меморија и затоа апликациите се извршуваат побрзо и имаат подобра изведба. Исто така, ги ограничивме заднинските активности со цел да овозможиме подобра изведба и подобро искористување на батеријата.



Подобро прилагодување

• Додадени се нови категории слики во Динамички екран за заклучување, а може да изберете и до 5 категории истовремено.

• На Екран за заклучување, може да додадете виџет за да го проверите вашето време на користење.

• Добијте интерактивен преглед кога поставувате тапет.

• Приспособувањето на Always On Display и на Екран за заклучување е полесно.

• Додајте заднина на повик за да видите слика или видео кога се јавувате или примате повик.

• Во Samsung Интернет, може да направите друг распоред и да ги заклучите картичките.

• Новите икони и виџетите на Екран за заклучување ви овозможуваат полесно да ги најдете и да ги контролирате вашите рутини.

• Користете Дигитална благосостојба со одделни лични и работни профили.



Подобрени функции

Почетен екран и Екран за заклучување

• Додајте виџети така што ќе допрете и задржите апликација на Почетен екран.

• Исклучете го екранот така што два пати ќе допрете на празно место на Почетен или на Екран за заклучување. (Поставете го во Поставувања > Напредни функции > Движења и гестови.)

• На Екран за заклучување, допрете на областа за часовник за да ги видите виџетите за календар, време и музика.



Повици и разговори

• Видете ги разговорите одделно во таблата за известувања. Работи со Пораки и вашите омилени апликации за разговори.

• Лесно отстранете двојни контакти зачувани на истата сметка во Контакти. Периодот на складирање избришани контакти е продолжен од 15 на 30 дена.

• Додадена е можноста за уредување повеќе поврзани контакти од еден екран.

• Додадено е Ѓубре во Пораки за неодамна избришаните пораки да бидат складирани 30 дена.



Слики и видеа

• Сликајте побрзо со подобрениот автоматски фокус и автоматско изложување.

• Прегледувајте, уредувајте и споделувајте слики и видеа полесно од Галерија.

• Побрзо најдете слики и видеа со новите функции и категории за пребарување во Галерија.

• Вратете ги уредените слики во нивната оригинална верзија во секое време, дури и откако ќе бидат зачувани, за никогаш да не изгубите слика.



Поставувања

• Поставувања има нов поедноставен изглед и чувство. Вашата Samsung account е прикажана најгоре, а пристапот до поставувањата за Почетен екран е сега полесен.

• Полесно најдете ги поставувањата што ви се потребни со новите функции за Пребарување. Ќе добиете подобри резултати за синоними и за вообичаените грешки при пишување, а може да допрете на картичките за да видите групи на сродни поставувања.

• Копчињата за брзи поставувања се намалени за да се овозможат само најчесто употребуваните функции. Може да додадете и копчиња за да направите сопствена прилагодена брза плоча.



Тастатура Samsung

• Зголемен е бројот на јазици на 370.

• Додадени се предлози за емоџи и налепници кога внесувате емотикон заснован врз текст.

• Подобрен е изгледот на тастатурата за да се овозможи поголема лента за празно место кога се внесуваат интернет-адреси или адреси за е-пошта.

• Реорганизирани се поставувањата за Тастатура за да биде полесно да се пристапи до често користените поставувања.



Продуктивност

• Во Интернет, може да ги скриете статусните и лентите за навигација за повпечатливо искуство и брзо преведување на интернет-страниците.

• Ќе добиете известување да ги блокирате интернет-страниците коишто испраќаат премногу скок-прозорци или известувања.

• Може да прелистате и да изберете датотеки на облак од екранот за избор на датотеки во Мои датотеки.

• Сега може да избришете кеширани датотеки во Мои датотеки за лесно да ослободите простор за складирање.

• Настаните коишто имаат исто време на почеток се прикажуваат заедно во прегледите за месецот и листата во Календар.



Лесна контрола на медиумите и уредот

Контролата на медиумите и уредот е полесна со подобрената медиумска плоча во известувања. Може да ги прегледате неодамна употребените медиумски апликации и брзо да го смените уредот за репродукција. Може, исто така, да ги погледнете поставувањата за Android Auto во менито Напредни функции во Поставувања.



Идентификувајте ги и подобрете ги своите дигитални навики

Подобрените функции на Дигитална благосостојба ја олеснуваат проверката на начинот на кој ги користите телефонот или таблетот и ви помагаат да оформите добри дигитални навики. Со еден поглед проверете го користењето додека возите или погледнете ги неделните промени на времето што сте го поминале пред екран според функцијата преку надградените неделни извештаи.



Пристапност за сите

One UI 3 ви препорачува корисни функции за пристапност врз основа на вашето користење. Подобрените кратенки за Пристапност ги олеснуваат активирањето и користењето на функциите за Пристапност. Може да ја користите функцијата Збор. внес. на тастатур. на глас за да добиете гласовни повратни информации за тоа што сте го напишале дури и кога TalkBack е исклучена.



Силна заштита на приватноста

Сега може да дозволите апликацијата да пристапи до микрофонот, камерата или локацијата само еднаш. Сите дозволи што апликацијата не ги употребила одредено време автоматски ќе бидат повлечени. Повеќе нема да може да им давате дозвола на апликациите секогаш да може да ја видат вашата локација во скок-прозорецот за редовна дозвола. За да им дозволите на апликациите пристап до вашата локација кога истите не се во употреба, ќе треба да одите на страницата за дозвола за локација за дадената апликација во Поставувања.



Дополнителни подобрувања

• Во Часовник, може да чуете колку е часот и на глас да ви биде прочитано претходно поставеното име на алармот кога ѕвони алармот.



Некои апликации ќе треба да бидат ажурирани одделно по ажурирањето на One UI 3.



Копиите на апликациите направени со користење Dual Messenger повеќе не можат директно да им пристапуваат на датотеките на SD-картичката. За да споделите датотеки од SD-картичката во копија на апликација, изберете ги датотеките во Галерија или Мои датотеки, допрете Сподели, потоа изберете ја копијата на апликацијата.



Повеќе не може да се поврзете со Chromecast со користење Smart View. Наместо тоа, може да ја користите Google Home.

Број на верзијата : F415FXXU1ATK2
Верзија на Android : Q(Android 10)
Датум на објавување : 2020-11-23
Ниво на безбедносна закрпа : 2020-10-01
Тастат. Samsung
- Поделена тастатура е поддржана во хоризонтален режим.
- Функцијата за пребарување на екранот „Управув. со јазик за внесување“ на страницата Поставувања на тастатурата од неодамна е ажурирана за да се олесни наоѓањето јазици за внесување на тастатурата што корисникот сака да ги додаде или избрише.

Пораки
- Додадена е функција што му овозможува на корисникот да праќа SOS-пораки за споделување на локацијата на секои 30 минути во период од 24 часа.

Камера
- Подобрен квалитет и стабилност на камерата.

Безбедноста на Вашиот уред е подобрена.

Број на верзијата : F415FXXU1ATIC
Верзија на Android : Q(Android 10)
Датум на објавување : 2020-10-09
Ниво на безбедносна закрпа : 2020-09-01
One UI 2.1 надградба со Android 10

One UI 2.1 Ви го носи Android 10, со возбудливи нови функции од Samsung и Google врз основа на повратните информации од корисниците како Вас.
Ви препорачуваме да ги архивирате важните податоци за да бидат безбедни за време на надградувањето.

Еве што има ново.

• Нови функции на Камера
- Мои филтри, Еден кадар, Ноќна хиперлапса
• Целокупната стабилност на функциите е подобрена.
• Безбедноста на Вашиот уред е подобрена.

Број на верзијата : F415FXXU1ATI1
Верзија на Android : Q(Android 10)
Датум на објавување : 2020-09-12
Ниво на безбедносна закрпа : 2020-08-01
· Подобрувања на стабилноста на уредот и поправки на багови.
· Нови и / или подобрени можности.
· Понатамошни подобрувања на перформансите.