Софтверска надградба може да вклучува но не е ограничена на
За да го добиете најдоброто од вашиот уред, бидете во тек и редовно проверувајте дали има нови софтверски надградби.
Galaxy J6+ (SM-J610FN)
Број на верзијата : J610FNXXU1BSDE
Верзија на Android : Pie(Android 9)
Датум на објавување : 2019-05-11
Ниво на безбедносна закрпа : 2019-04-01
Надградено е One UI за Android Pie
One UI Ви го носи Android Pie со возбудливи нови функции и сосема нов изглед и чувство врз основа на повратните информации од корисниците во Samsung и Google.
Ви препорачуваме да ги архивирате важните податоци за да бидат безбедни пред надградувањето.
Некои апликации, вклучително и Дигитрон, Интернет на Samsung, Samsung Health, Samsung Notes и Samsung Members треба да се ажурираат поединечно откако ќе го ажурирате Вашиот оперативен систем.
За да ја користите функцијата Оддалечено отклучување во Најди го мојот мобилен на уредот Android Pie, потребен е процесот за архивирање на лозинката за заклучување на екранот (или PIN/шара). Па, задолжително запомнете ја лозинката за заклучување на екранот (или PIN/шара) пред да го започнете процесот на ажурирање. Ако сте ја заборавиле лозинката (или PIN/шара), ресетирајте ја пред да го почнете процесот на ажурирање.
Еве што има ново.
One UI
- Содржините, поставувањата и другите информации се реорганизирани за да бидете фокусирани на соодветната задача.
- Интерактивните елементи се преместени до долниот дел од екранот за секогаш да бидат на дофат.
- Новите дизајни и функции како што е Ноќен режим, помагаа на Вашите очи да им биде удобно.
Известувања
- Можете да одговорите на пораките директно во таблата со известувања.
- Сликичките се вклучени во известувањата за пораки.
- Во известувањата на апликацијата, допрете го прекинувачот еднаш за да ги вклучите или исклучите сите известувања во некоја категорија.
Поставувања
- Менијата се реорганизирани за поставувањата да бидат полесни за наоѓање.
- Додадена е нова функција: Ноќен режим, Големина и стил на фонтот - Задебелен фонт, Навигациска лента - Гестови на цел екран
Телефон
- Сега можете да ја подредите Вашата историја на повици преку дојдовни и појдовни повици.
- Вашата историја на повици може да вклучи до 2000 записи (зголемено од 500 записи).
Контакти
- Новото мени на извлекување го олеснува управувањето со контакти од различни сметки.
Галерија
- Функцијата на корпата за отпадоци е додадена во Галерија, па можете да ги вратите избришаните фотографии со користење на Корпата за отпадоци.
- Можете брзо да пристапите до повеќе различни содржини, како што се „Видеа“, „Места“, „Омилени“ и „Предложени“ со поминување надолу во картичките Слики или Албуми.
Број на верзијата : J610FNXXU1ASA2
Верзија на Android : Oreo(Android 8.1.0)
Датум на објавување : 2019-03-19
Ниво на безбедносна закрпа : 2019-02-01
· Безбедноста на Вашиот уред е подобрена.
· Стабилноста на Камера е подобрена.