Софтверска надградба може да вклучува но не е ограничена на
За да го добиете најдоброто од вашиот уред, бидете во тек и редовно проверувајте дали има нови софтверски надградби.

Galaxy Watch6 Classic (SM-R955F)


Број на верзијата : R955FXXU2CZB6
Верзија на Android : B(AndroidWear 6.0)
Датум на објавување : 2026-03-17
Ниво на безбедносна закрпа : 2026-02-05
• Стабилност и доверливост
Однесувањето на уредот е подобрено.
• Безбедност
Уредот е заштитен со подобрена безбедност.

Овие промени може да се разликуваат во зависност од моделот, земјата или мрежниот оператор на корисничката средина.
За да го добиете најдоброто од Вашиот уред, бидете во тек и редовно проверувајте дали има нови софтверски надградби.

Број на верзијата : R955FXXS1CZA1
Верзија на Android : B(AndroidWear 6.0)
Датум на објавување : 2026-02-04
Ниво на безбедносна закрпа : 2026-01-01
• Безбедност
Уредот е заштитен со подобрена безбедност.

Овие промени може да се разликуваат во зависност од моделот, земјата или мрежниот оператор на корисничката средина.
За да го добиете најдоброто од Вашиот уред, бидете во тек и редовно проверувајте дали има нови софтверски надградби.

Број на верзијата : R955FXXU1CYK2
Верзија на Android : B(AndroidWear 6.0)
Датум на објавување : 2025-12-04
Ниво на безбедносна закрпа : 2025-10-01
Надградба на One UI 8 Watch



Завршете ги работите

Останете во тек со важните задачи со Now bar
Проверете ги информациите што ви се потребни во моментов и започнете клучни функции директно од маската за вашиот часовник. Тековните задачи ќе се појават во Now bar на дното на маската за часовник за да можете брзо да ги проверувате клучните информации.

Правете повеќе со двојно стискање
Едноставно двапати стиснете со палецот и показалецот заедно за да прелистувате низ известувањата, да контролирате музика, фотографирате и многу други работи. Исто така, можете да прилагодите што ќе се случи кога ќе стиснете двапати на маската за часовник, контролерот за музика, како и алармот, календарот и предупредувањата за потсетник. Изберете ги дејствата што ви се најпотребни во секоја ситуација.

Означете потсетници како важни
Означете потсетници како важни преку допирање на иконата со Ѕвезда. Можете да изберете важните потсетници да бидат закачени најгоре на листата за да бидете сигурни дека ќе ги забележите.

Добивајте потсетници на конкретни места
Сега на вашиот часовник можете да поставите потсетници засновани на локацијата. На пример, можете да направите вашиот часовник да ве потсетува да исперете алишта кога ќе си дојдете дома.

Нови ефекти на полнење
Кога вашиот часовник се полни, новиот распоред на екранот и анимациите го олеснуваат проверувањето на моменталното ниво на батеријата и преостанатото време на полнење.



Останете поврзани

Лесно одговарајте на известувања и предупредувања
Користете гестови за брзо да одговорите на известувања и предупредувања. Кога ќе се појави известување, можете да стиснете двапати за да ги видите деталите или да испратите одговор. Исто така, можете да го затресете зглобот за да се вратите на маската за часовникот.

Подобрен приказ на известувања
Известувањата на вашиот часовник сега се полесни за користење со атрактивен нов дизајн. Известувањата од истата апликација се наредени вертикално, што ви овозможува да гледате повеќе известувања со помалку поминувања.

Попаметни поставувања за известувања
Сега е полесно да одлучите како да примате известувања од телефонот на Вашиот часовник. Ако изберете избор на Паметен уред, известувањата ќе се појавуваат на вашиот телефон само кога ќе го користите, а на вашиот часовник кога нема да го користите телефонот. Ако изберете Секогаш прикажувај и на двете, известувањата секогаш ќе се појавуваат и на телефонот, и на часовникот.



Подобрете го вашето здравје

Насоки за време за спиење
Заспивајте во вистинското време за да се будите со чувство на освеженост. Новата функција за насоки за време за спиење го анализира вашите податоци за спиењето и го препорачува најдоброто време кога треба да си легнувате секоја вечер.

Свесност
Управувајте со стресот и анксиозноста во вашиот секојдневен живот со новата функција за Свесност во Samsung Health. Можете да ги следите вашите расположенија и емоции и да правите вежби за дишење за да го намалите стресот.



Прилагодено за вас

Најдете ја совршената маска за часовник
Сега е полесно да ја пронајдете вистинската маска за часовник за вас. Едноставно изберете неколку клучни збора како што се вашиот претпочитан стил, бојата и информациите за прикажување. Најдобрите совпаѓања ќе бидат предложени од нашата збирка од повеќе од 300 маски за часовник.

Препорачани маски за часовник
Откријте нови маски за часовник што може да ви се допаднат. Маски за часовник со бои, стил или информации слични на вашата моментална маската за часовник ќе се препорачуваат на екранот за избор на маска за часовник.

Направете сопствени плочки
Направете сопствени прилагодени плочки што ги прикажуваат информациите што ви се потребни. Можете дури и да комбинирате информации од различни апликации во една плочка. Можете да вклучите информации за временските услови, календарски настани, потсетници и друго.

Персонализиран екран за Апликации
Рекламираните апликации сега се појавуваат најгоре на екранот со Апликации за да ви дадат брз пристап до апликациите што најмногу ви требаат. Апликациите ќе се прикажуваат врз основа на тоа колку често ги користите, како и другите навики за користење. Исто така можете да ги прегледувате вашите апликации како листа со имиња наместо само со икони.

Изберете календари што ќе се прикажуваат на вашиот часовник
Сега можете да изберете кои календари да се прикажуваат во апликацијата Календар на вашиот часовник. Можете да ги прикажете сите исти календари што се наоѓаат на вашиот телефон или да ги прилагодите за да ги прикажете само календарите што ви се потребни.

Број на верзијата : R955FXXS1BYH1
Верзија на Android : U(AndroidWear 6)
Датум на објавување : 2025-09-01
Ниво на безбедносна закрпа : 2025-08-01
• Безбедност
Уредот е заштитен со подобрена безбедност.

Овие промени може да се разликуваат во зависност од моделот, земјата или мрежниот оператор на корисничката средина.
За да го добиете најдоброто од Вашиот уред, бидете во тек и редовно проверувајте дали има нови софтверски надградби.

Број на верзијата : R955FXXU1BYD1
Верзија на Android : U(AndroidWear 6)
Датум на објавување : 2025-05-07
Ниво на безбедносна закрпа : 2025-03-01
• Стабилност и доверливост
Стабилноста е подобрена.
• Безбедност
Уредот е заштитен со подобрена безбедност.

Број на верзијата : R955FXXU1BXJ5
Верзија на Android : U(AndroidWear 6)
Датум на објавување : 2024-11-28
Ниво на безбедносна закрпа : 2024-10-01
Надградба на One UI 6 Watch



Нов изглед на вашиот часовник

Откријте ги новите маски за часовник
Покажете го вашиот уникатен стил со овие нови врвни маски за часовници. Просторниот број прикажува аналоген часовник на врвот на големи задебелени цифри. Едноставен дигитален е за луѓе кои претпочитаат минималистички дизајн. Ultra Info Board ви овозможува брзо да ги проверите информациите за вежбање. Овие маски за часовници можете да ги најдете во новопоставениот дел за маски за часовник во апликацијата Galaxy Wearable. Можете исто така да ги прегледувате маските за часовник по клучни зборови, вклучувајќи бои, стилови и компликации.

Визуелни подобрувања на One UI
Компонентите на часовникот, како што се копчињата и прекинувачите, се редизајнирани за поголема конзистентност со компонентите на One UI на вашиот телефон Galaxy. Добивате и нов стандарден фонт со постилски и помодерен изглед. Ќе го видите новиот фонт ако е избран зададениот фонт во Поставувања. Ако користите друг фонт, и понатаму ќе го гледате фонтот по надградбата на One UI 6 Watch.

Подобрена графика на плочки
Почетниот екран на секоја плочка е редизајниран со неверојатни визуелни слики и поконзистентен изглед.



Станете поздрави

Следете ги вашите нивоа на енергија со Galaxy AI
Новиот енерг. резултат на Samsung Health напојуван со AI ја покажува вашата физичка и ментална состојба врз основа на вашето спиење и физичка активност. Ако вашиот енерг. резултат е низок, можеби е најдобро да се одморите. Ако вашиот енерг. резултат е висок, би можело да е време да одредите личен рекорд во вашата омилена вежба. Galaxy AI обезбедува персонализирани увиди и мотивација за да ве држи на вистинската патека.

Добијте подетална анализа на спиење
Новите сознанија за спиење ви даваат подетална и поточна анализа на квалитетот на вашето спиење. Вашиот сеопфатен извештај за спиење сега ги вклучува пулсот, брзина на дишење и времето што ви е потребно за да заспиете откако ќе легнете. Носете го часовникот навечер за да ги добиете новите информации за спиењето.

Направете свои сопствени рутини за вежбање
Комбинирајте низа различни вежби заедно за прилагодена рутина за вежбање. Можете да одредите цели за одредувања, повторувања, време и многу повеќе. Откако ќе ја почнете вашата рутина, вашиот часовник може автоматски да се префрли на следната вежба кога ќе ја постигнете целта. Изборно можете да додавате паузи помеѓу вежбите. Кога ќе заврши вашата рутина, можете да ги видите резултатите за целата рутина на едно место.



Контролирајте го часовникот како професионалец

Направете повеќе со двојно стискање
Преземете брзо дејство без допирање на екранот со прицврстување на палецот и показалецот двапати заедно. Можете да одговарате на повици, да ги исклучувате алармите, да се движите низ известувањата, да контролирате музика, да фотографирате и повеќе со само една рака. Кога е достапен простор, на копчињата ќе се појави икона со прст што може да се контролира со двојно стискање.

Брзо листајте низ известувањата и плочките
Брзо поминете на екранот лево или десно од маската за часовникот за да се движите низ повеќе известувања или плочки одеднаш. Брзината на вашето поминување одредува низ колку известувања или плочки ќе се движите.

Прегледајте ги сите тековни активности одеднаш
Допрете го долниот дел од маската за часовникот за да прегладте листа со тековни активности како што се телефонски повици, вежби или пуштање музика. Допрете ставка во листата за лесно префрлање помеѓу нив.

Практично користење со една рака со универзални гестови
Универзалните гестови сега го олеснуваат користењето на часовникот без допирање на екранот. Новиот гест ви овозможува лесно да се вратите на претходниот екран, а кога имате дојдовен телефонски повик или аларм што ѕвони, можете веднаш да користите универзални гестови без никакви дополнителни дејства.



Комуницирајте од вашиот зглоб

Попаметни одговори со AI
Брзо одговарајте на пораките со одговори генерирани од AI приспособени на пораката што сте ја примиле. Предложените одговори ќе се појават кога ќе видите известување за порака. Одговорите се генерираат на вашиот телефон, така што вашите пораки остануваат приватни. Работи со телефони со One UI 6.1.1 или понова верзија што поддржуваат предложени одговори со AI.

Одговорете брзо со вашите омилени емоџи
Може да ги одредите емоџите што најмногу ги користите како омилени за да бидат секогаш достапни за испраќање како брз одговор.



Прилагодете го вашиот часовник

Покажете ги информациите за времето што ви се важни
Сега можете да ја уредите вашата плочка за временска прогноза за да ги прикажете информации за времето што ви се најважни. Изберете од дневна прогноза, часовна прогноза, врнежи, време на изгрејсонце и зајдисонце, увиди во времето и повеќе.

Прикажи 2 светски часовници во исто време
Прилагодете ја вашата плочка на светскиот часовник за да ги прикажува времињата во 2 различни градови одеднаш за да можете брзо да ја проверите временската разлика.

Контролирајте ги известувањата без да го отворите телефонот
Изберете на кои апликации за часовници им е дозволено да ви испраќаат известувања директно на часовникот без да ја отворат апликацијата Galaxy Wearable на телефонот.

Автоматизирајте го часовникот со режими
Режимите што ги поставивте на телефонот, како што се реж. спиење, режимот за вежбање или театарски режим, сега можат автоматски да контролираат повеќе од поставувањата на часовникот врз основа на она што го правите или каде се наоѓате. Покрај Маски за часовник и Не вознемирувај, режимите сега можат да ги контролираат и Always On Display, Подигни зглоб за будење, Допри екран за будење Допри лежиште за будење, Режим за звук и Пред. за прек.поврз.. Работи со телефони со One UI 6.1.1 или понова верзија.



Уште повеќе подобрувања

Управувајте со настаните во календарот директно од вашиот часовник
Можете брзо да додавате или уредувате настани директно од вашиот зглоб без потреба да го користите телефонот. Неделниот преглед на календарот исто така е ажуриран за да ви покаже колку настани имате секој ден.

Направете вашата батерија да трае подолго
Кога е вклучено штедење енергија, може да изберете и да ги ограничите функците за здравје како автоматско откривање вежбање и мерења на срцевиот пулс во заднина за да ја направите вашата батерија да трае уште подолго од претходно.

Автоматски вклучете го часовникот додека се полни
Користете го часовникот веднаш без потреба да го вклучите часовникот кога ќе заврши полнењето. За да ја користите оваа функција, Авт. нап. е вкл. треба да биде вклучено во Поставувања.

Автоматски поврзете се со аудио уреди со Bluetooth
Кога ќе почнете да пуштате музика на часовникот, вашите Bluetooth слушалки или звучник автоматски ќе се поврзат за репродукција доколку се споени со вашиот часовник или телефон. Ако не се достапни спарени аудио уреди со Bluetooth за поврзување, музиката ќе се репродуцира преку звучникот на часовникот ако вашата музичка апликација ја поддржува.

Број на верзијата : R955FXXU1AXC2
Верзија на Android : T(AndroidWear 5)
Датум на објавување : 2024-04-17
Ниво на безбедносна закрпа : 2024-03-01
• Стабилност и доверливост
Применети се кодови за стабилизација за работа на екранот на допир.

Број на верзијата : R955FXXU1AXB7
Верзија на Android : T(AndroidWear 5)
Датум на објавување : 2024-03-18
Ниво на безбедносна закрпа : 2024-03-01
• Поддршка за Workout Tracker
Со поврзување на вашиот Galaxy Watch со вашиот телевизор Samsung, можете да ги прегледате податоците од вежбањето од вашиот часовник на екранот на вашиот телевизор.
※ Поддржани производи и барања за поврзување
. Поддржува Samsung TV/Smart надгледувач/Проектор/Производи за живот и стил кои се најнови изданија од 2024 година. Сепак, ова може да се разликува во зависност од политиката на Samsung.
. Поддржано е под услов истата Samsung account да е регистрирана и на телевизорот Samsung и на Galaxy Watch.
. За повеќе информации, посетете ја почетната страница на Samsung Daily+ за Samsung производите издадени во 2024 година.

• Фирмвер за плоча на екран на допир (TSP)
Фирмверот e ажуриран на последната верзија.

• Стабилност и доверливост
Стабилноста е подобрена.

Број на верзијата : R955FXXU1AWK4
Верзија на Android : T(AndroidWear 5)
Датум на објавување : 2023-11-29
Ниво на безбедносна закрпа : 2023-11-01
• Стабилност и доверливост
Стабилноста е подобрена.

Број на верзијата : R955FXXU1AWI1
Верзија на Android : T(AndroidWear 5)
Датум на објавување : 2023-09-26
Ниво на безбедносна закрпа : 2023-06-01
• Стабилност и доверливост
Стабилноста е подобрена.